еМагазин
Image default
Свет

(ВИДЕО) Протестите во Мјанмар стануваат масовни, полицијата употреби водени топови против демонстрантите

Повеќе лица се повредени откако полицијата употреби водени топови за да ги растера демонстрантите во главниот град на Мјанмар, Најпјидо.

Во Мјанмар продолжуваат протестите поради преземањето на власата од страна на армијата.

Демонстрантите бараат ослободување на лидерката Аунг Сан Су Чи и другите уапсени и враќање на демократијата во земјата.

Војската на Мјанмар на 1 февруари воведе вонредна состојба, ја презеде власта во државата и потврди дека уапсила високи владини функционери под обвинување за измама на минатогодишните избори, меѓу кои и Аунг.

Власта ја презеде командантот на вооружените сили генерал Мин Аунг Хлаинг, кој смени 24 министри и заменици и именува 11 нови министри.

МИА/Фото/видео: CNA/Guardian News

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хезболах повика на одмазада по нападот на болницата во Газа: Денеска да биде „Ден на гневот“

Редакција

СЗО за „продолжен ковид“: Замор, отежнато дишење, болка во градите, мускулна слабост

Редакција

(Видео) Бајден Зеленски го нарече Путин, а заменичката Харис, Трамп

Редакција