Поплавени се десетина подруми од куќи на подрачјето на Кавадарци од синоќешните обилни и силни врнежи дожд, а средишниот дел од главната улица „7 Септември“ на која се уште се работело, е оштетена, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според РЦУК Велес, ангажирани се три екипи за да ги пополнат дупките на улицата кои не биле затворени. Во нив имало и едно пропаднато возило кое е извлечено со пајак.
На терен се интервенирало со три возила од општина Кавадарци кои биле во контрола на состојбата на улиците.
За испумпување на водата од поплавените подруми, на терен биле екипи од Пожарната служба на Кавадарци со две пуми, како и екипа од „Комуналец“ исто така со две пумпи.
Од општина Кавадарци ги известуваат сите граѓани кои имаат штети да се јават во Кол Центарот на општината на бројот 13 300.
МИА/Фото/Видео: Општина Кавадарци