еМагазин
Image default
Забава

(Видео) Совршена комбинација: „Трепет“ е новата песна на Sarah Mace и Eye Cue

Дружењето и музиката си го направија своето, споија уметници кои створија едно музичко дело за уживање во овие есенски денови. Sarah Mace и Eye Cue снимија заедничка песна и уникатен видео спот.

Песната е насловена како „Трепет“, за како што велат тие, да влезат со трепет во есента.

Песната е на Сара и е настаната пред неколку години, кога на Макфест е изведена од Тања Би, со аранжман на Дамир Имери. Идејата да се направи соработка за неа потекнала од Бојан, а премиерно е отсвирена од Сара и Eye Cue на Skopje Unplugged 2020.

„Бојан и Марија често пати ми зборуваа за оваа песна. Ова лето го искористивме слободното време кое што го имавме повеќе од вообичаеното, ја стокмивме „Трепет“ и ја отсвиривме премиерно на Skopje Unplugged 2020.

Ни се допадна изведбата и како сето тоа звучеше, па решивме да ја крунисаме со спот за да влеземе со трепет во есента. Ова е за сите оние кои што знаат да уживаат и се среќни со тоа што го имаат“, изјави Сара за настанувањето на „Трепет“.

Звуците на харфата на Сара и гитарата на Бојан даваат уникатен призвук кој смирува, а нивните гласови се совршена комбинација за целосно уживање во овие есенски денови.

Музиката и текстот на песната се на Сара, со заеднички аранжман на Бојан и Сара, а е снимана во „Подрумот“. Видео спотот го направи Кристијан Шемко, а е сниман на локации од убавините од село Бојанчиште.

Во продолжение слушнете ја „Трепет“ и погледнете го видео спотот:

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Спектакуларен настап на The Weeknd на „Super Bowl“

Редакција

Италијанска извонредност во дизајн и одржлива мода со Моден Викенд Скопје

Редакција

(Видео) Фанк шуи објави спот за песната „Никогаш пак“

Редакција