еМагазин
Image default
Бизнис

Пуштена во употреба патарината „Демир Капија“ на автопатот Скопје-Гевгелија, автомобилите ќе плаќаат 80 денари

Најновата наплатна станица „Демир Капија“ на автопатот Скопје-Гевгелија од 28 октомври е пуштена во употреба, потврдија за „Мета.мк“ од Јавното претпријатие за државни патишта.

Патарината на оваа наплатна станица чини 80 денари за автомобилите, мотоциклистите ќе плаќаат 50 денари, додека другите категории на возила ќе плаќаат од 130 до 340 денари.

Патарината во Демир Капија е последната наплатна станица што е изградена на патниот Коридор 10, на која ќе се наплаќа надоместокот за користење на автопатот од Градско до Демир Капија и обратно.

Со најновата наплатна рампа кај Демир Капија, граѓаните за патување од Скопје до Гевгелија во еден правец ќе треба да одвојат по 360 денари за да возат по автопат со својот автомобил.

Оние коишто не сакаат да платат патарина за да го користат автопатот, на располагање им е стариот пат од Велес за Демир Капија на којшто не се плаќа никаков надоместок.

Мета/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Агроглобал трејд“ го доби тендерот на Агенцијата за стоковни резерви за набавка на пченица вреден милион евра

Редакција

Министерството за финансии вработува осум лица, плата до 29.693 денари

Редакција

Од 1.мај влез во Грција без сертификат

Редакција