еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Хорор во Велес: Сакал да ја убие сопругата тепајќи ја со кабел

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес вчера донел наредба за спроведување истражна постапка против лице на 57-годишна возраст, осомничено за кривично дело – убиство во обид.

Од ОЈО Велес појаснуваат дека осомничениот завчера вечер се обидел да ја лиши од живот својата сопруга при вршење семејно насилство, така што ѝ пришол и со кабел започнал да ја удира по телото.

„Од ударите оштетената паднала на подот. Осомничениот не ѝ дозволувал да стане, туку и се заканувал дека „ќе ја однесе во гробот на мајка ѝ“, „ќе ѝ ја затвори устата така што ќе ѝ ја наполни со крпа“ и дека „ќе ѝ го скрши черепот“.

Тој продолжил да ја удира со кабелот по целото тело и престанал дури откако во куќата дошла нивната ќерка. Од ударите што и ги нанесол осомничениот, оштетената добила повеќе повреди по целото тело и скршеница на раката“, информираат од Обвинителството.

До судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес јавниот обвинител достави предлог за определување на мерката притвор спрема осомничениот.

За настанот денеска информираат од СВР Велес, дека на 4 ноември во 22.45 во СВР Велес било пријавео дека 57 годишна жена била физички нападната од нејзиниот сопруг, при што и биле нанесени тешки телесни повреди.

Како што појаснува портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, лицето било приведено во полициската станица-Велес.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР го потврди убиството на бизнисменот од Скопје во Ханиоти

Редакција

(Видео) Граничниот премин Рафа меѓу Египет и Газа отворен за испорака на хуманитарна помош

Редакција

Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини

Редакција