еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР го потврди убиството на бизнисменот од Скопје во Ханиоти

По информацијата за убиството во Халкидики, Грција, Амбасадата на Македонија во Атина стапила во контакт со надлежните институции, односно полицијата во Солун, и од таму е добиена потврда дека во Сани Вилас, Ханиоти, двајца маскирани лица отвориле оган врз двајца државјани на Македонија, соопшти МНР.

Двајцата биле однесени во општата болница на Халкидики, каде едниот им подлегнал на повредите, додека другиот поради тежината на повредите е транспортиран во друга болница, во Полигирос.

Според информациите на Aмбасадатa, како што додава Министерството, на местото на настанот моментално се наоѓаат повеќе тимови на грчката полиција и работат на расчистување на околностите на настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Познат идентитетот на бизнисменот од Скопје кој е убиен во Ханиоти и на неговиот ранет пријател

Во Ханиоти со над 20 куршуми убиен бизнисмен од Македонија, друг македонски државјанин е ранет

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипскиот ковид центар исполнет до последниот болнички кревет

Редакција

Заев и Борисов разговарале телефонски: Ќе продолжат да бараат решение

Редакција

Пендаровски ги потпиша законите за реформа на безбедносните служби

Редакција