еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Ханиоти со над 20 куршуми убиен бизнисмен од Македонија, друг македонски државјанин е ранет

Утрово во 3.30 часот во нивниот апартман во Ханиоти на Халидики, Грција, со над 20 куршуми е убиен 39-годишен бизнисмен од Македонија, а друг македонски државјанин (45) е ранет, јавува дописникот на еМагазин од Солун.

Грчките медиуми пренесуваат дека се работи за бизнисмен кој во Скопје имал казино.

Неговиот пријател е хоспитализиран во болницата „Полигирос“.

Според сведоци убијците дошле со мотор и биле со качулки на главата, по што им влегле во собата и пукале во нив.

Мотивите засега се непознати, а полицијата го истражува случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Познат идентитетот на бизнисменот од Скопје кој е убиен во Ханиоти и на неговиот ранет пријател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕВН Хоум доби за 16% повисока понуда од ЕСМ за цената на струјата

Редакција

Сител најгледена телевизија, МРТ1 на трето место

Редакција

Путин има три услови за да ја прекине инвазијата во Украина

Редакција