еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЕВН Хоум доби за 16% повисока понуда од ЕСМ за цената на струјата

ЕВН Хоме како Универзален снабдувач на електрична енергија, на денешниот тендер за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јануари-јуни 2023, доби само една понуда од АД ЕСМ, информираат од компанијата.

„АД ЕСМ и понуди на ЕВН Хоме купопродажна цена на електрична енергија од 56 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини.

Оваа цена е за околу 16% повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јули-декември 2022), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 48 евра за мегаватчас.

За цената на електричната енергија на ЕВН Хоме во наредниот период ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика, а таа ќе зависи од повеќе влезни параметри, како што се: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција,“ велат од ЕВН Хоум.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Извозот во првите шест месеци со пораст од 26,5 проценти

Редакција

Граѓаните потрошиле 84 милиони евра преку електронски начин на плаќање

Редакција

Светозар Јаневски: Направивме развој од граница до граница, а зборуваме за свет без граници

Редакција