еМагазин
Image default
Бизнис

Граѓаните потрошиле 84 милиони евра преку електронски начин на плаќање

Граѓаните од почетокот на годината потрошиле 84 милиони евра преку електронски начин на плаќање и со тоа има пораст од 26 проценти во однос на истиот период лани. Триесет и шест проценти од македонските граѓани пак кои имаат пристап до интернет вршат онлајн нарачки.

Овие податоци беа посочени пред годишна конференција за е-трговија „Бизнис раст со е-трговија“.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска изјави дека во 2011 година обртот во е-трговијата изнесувал 930 илјади евра, а во 2017 година достигнал 134 милиони евра. Растот во последните години бил околу 30 проценти, но таа посочи дека сепак има огромен потенцијал за уште поголем и позабрзан раст.

Таа истакна дека недостасуваат софистицирани платежни солуции и најави дека со новиот закон за платежни услуги ќе се направи либерализација за влез на нови компании со што ќе се зголеми конкурентноста и за домашните банки, како и дека ќе се работи на нелојалната конкуренција во е-трговијата.

Ангеловска посочи и на тоа дека се работи и на проблемот што го создаваат малите пратки чиј обем се повеќе се зголемува и потребни се поголеми ресурси на Царинската управа за да се справи со тоа.

Во оваа насока, како што додаде, со проектот што го работи Царината со царината од Јужна Кореја наскоро ќе се стави скенер во поштата за да може и автоматски да се гледаат кои се пратките што пристигнуваат и како што истакнува да се тргне и оној субјективизам или мануелна работа при царинење, а од друга страна да оди побрзо целиот процес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БИМ од Свети Николе лани со добивка

Редакција

Државата наплатува само 8,2 милиони евра годишно за експлоатација на минералните суровини

Редакција

ЕОС Матрикс: Зголемени инвестициите во откуп на побарувања во корпоративниот сектор

Редакција