еМагазин
Image default
Бизнис

БИМ од Свети Николе лани со добивка

БИМ АД Свети Николе лани остварил нето добивка од 43.688 илјади денари, соопштија од таму преку Македонската берза.

-Остварените приходи од продажба изнесуваат 747.822 илјади денари и тие се за 11% поголеми во споредба со приходите од продажба остварени во 2022 година кога изнесуваа 674.102 илјади денари.

По структурата на застапеност во вкупните приходи од продажба, приходите од домашен пазар учествуваат со 56,17 %, додека од странскиот пазар со 43,83 %.

Оперативните расходи за периодот од 01.01.2023 година до 31.12.2023 година изнесуваат 696.774 илјади денари и се поголеми за 8 % во однос на истите од 2022 година кога изнесуваа 647.342 илјади денари.

Најголемо учество во вкупните расходи имаат трошоците за суровини и други материјали и изнесуваат 604.171 илјади денари, информираат од таму.

Вкупните инвестиции во недвижности, машини и опрема на Друштвото лани изнесувале 1.738.834 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БИМ Свети Николе ќе продава и струја

БИМ Свети Николе ги објави платите на менаџментот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жито лукс во првите три месеци со загуба

Редакција

Алкалоид за шест месеци има раст на нето-добивката од 11%, а на извозот од 20%

Редакција

Владата даде зелено светло за изградба на пруга до Албанија

Редакција