еМагазин
Image default
Бизнис

Жито лукс во првите три месеци со загуба

Жито лукс АД Скопје го заврши првото тромесечие од 2022 година со загуба пред оданочување од 32,034 илјади денари, информираат од таму преку Македонската берза.

“Приходите од продажба се зголемени за 8%, при што приходите од продажба на домашен пазар бележат зголемување за 6%, додека приходите од продажба на странски пазар се зголемени за 37% во споредба со минатата година.

Дел од порастот на продажбите се должи на корекцијата на цените која беше спроведена во март 2021, но тоа зголемување не беше доволно за да се покрие континуираниот растечки тренд на цените на инпутите

Трошоците на произведени производи изнесуваат 238,721 илјада денари, што претставува зголемување за 32% во споредба со претходната година. Зголемување се должи пред се на претходно споменатото зголемување на производните импути.

Трошоците за продажба и дистрибуција се зголемени за 2%, додека административните трошоци се зголемени за 4% споредено со истиот период минатата година.

Останатите оперативни приходи во износ од 3,095 илјади денари се зголемени за 17% споредено со првиот квартал минатата година“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жито лукс лани со загуба

За надоместоци на Управниот и Надзорниот одбор на Жито лукс лани исплатени 13, 8 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе има ли покачување на цените: Превозниците на патници не можат да го следат дневното поскапување на горивата

Редакција

УЈП: Проверете ги годишните даночни пријави пред да станат конечни

Редакција

Во блок-трансакција продадени акции од Комерцијална банка за 41.000 евра

Редакција