еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ќе има ли покачување на цените: Превозниците на патници не можат да го следат дневното поскапување на горивата

Превозниците на патници засега не ги поскапеа цените на превозот, но за в понеделник имаат закажано состанок на кој ќе бидат донесени заклучоци како ќе делуваат понатаму, информира во изјава за МИА, Јован Матеничарски, претседател на Здружението на превозници Транспорт Легис.

Според Матеничарски, најавените мерки од Владата нема многу да им помогнат на превозниците, кои, како што вели, нема да можат да ги следат цените на горивото и нивната промена на дневно ниво и да вршат постојани промени на цените на услугите.

– Уште поголем проблем овие денови е и намалувањето на бројот на патниците, изјави Матеничарски.

Превозот на патници, укажува тој, е една од најпогодените гранки во државата уште од почетокот на здравствената криза.

– Последните две години ковид-кризата го уништи превозот со редуцирањето на бројот на патници и на линиите кое беше неопходно поради намалувањето на патниците, а трошоците кои ги прават превозниците се секојдневни.

Имаше случаи во автобус да нема ниту еден патик, а трошокот за гориво, патарини и другите трошоци за возачите и амортизацијата на возилото мораше да се покријат.

Во врска со сегашната ситуација со зголемувањето на цената на горивото, превозниците се во уште понезавидно ниво, бидејќи промената на цените на дневно ниво неможе да се следи и со промена на цените на превозот, рече Матеничарски, посочувајќи дека за евентуална промена на цените на билетите треба да бидат известени автобуските станици, како и патниците.

Според него, уште поголем проблем претставува превозот на учениците и припадниците на Армијата бидејќи, како што посочува, постапките за јавни набавки беа спроведени во времето кога цената на нафтата беше 49 денари по литар, а сега во моментот е двојно поголема со тенденција за зголемување.

– Договорите со општините и училиштата не може да се променат, така што превозниците се доведени во ситуација да неможат да го покријат ниту горивото по цените кои се во склучените договори.

Донесените мерки од Владата нема многу да помогнат на превозниците, бидејќи како што наведов тие цени на горивото и промената на дневно ниво превозниците нема да бидат во можност да ги следат, а намалувањето на бројот на патниците овие денови е уште поголем проблем.

Засега се уште превозниците не ги поскапеа цените на превозот. За во понеделник имаме закажано состанок па ќе бидат донесени заклуцоци како понатаму, изјави Матеничарски.

Тој потсетува дека со години наназад се соочуваат и со конкуренција од дивите превозници, како и со обезбедување професионални возачи поради иселувањето од државата и ангажманите на наши возачи во европските земји заработуваат многу повеќе.

Здружението Транспорт Легис брои 30 членки кои се занимаваат со превоз на патници. Вкупно имаат околу 1.000 вработени, но, како што вели Матеничарски, бројката секојдневно се менува и се намалува.

Транспорт Легис е дел од Стопанската интересна заедница за патен транспорт Македонија сообраќај АМЕРИТ, од каде вчера побараа итна средба со Владата поради растот на цената на нафтата на која ќе бидат договорени конкретни мерки за ублажување на ударот од кризата кај транспортерите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Транспортерите бараат помош од Владата поради цената на нафтата, се закануваат со протести и прекин на превоз на стока и патници

Оттаму предупредија  дека поради големото учество на горивото во цената на транспортот и неизвесноста за транспортерите по најавата дека секојдневно ќе има нова цена, ќе бидат принудени да го прекинат превозот на стока и на патници, како и да ги повикаат своите членки на масовни протести до наоѓање решение.

Поради растот на цените на енергенсите претходно и од транспортната асоција МАКАМ-ТРАНС доставија барања за поддршка од државата за субвенции на литар гориво по примерот на одредени држави од ЕУ и враќање на дел од акцизата пресметана во горивата за комерцијалните превози.

Поради рекордниот раст на сите нафтени деривати на светските берзи од Регулаторната комисија за енергетика завчера најавија дека ќе носат одлуки на дневно ниво доколку има потреба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трговците најавуваат затворање на бензинските станици во источниот дел на земјата

Макпетрол: Намалувањето на маржата ќе предизвика криза со горивата и блокада на економијата

РКЕ: Се наоѓаме во најдинамичната недела на берзата на нафтени деривати, очекуваме постепено стабилизирање на состојбата

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска ќе испитува дали има судир на интереси кај министерката Нина Ангеловска за случајот со Еуростандард банка

Редакција

Доктор Лазаров: Се одраа луѓето од тестови плаќање, некој треба дебело да одговара за ова

Редакција

(Фото) Кој е автомобилот на годината во Македонија за 2023 година

Редакција