еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Рафтовите во продавниците нема да останат празни, тврди Бектеши за „еМагазин“

Министерот за економија Крешник Бектеши уверува дека, рафтовите на продавниците нема да останат празни, поради ограничување на маржите на трговците.

„Во ограничените профитни маржи за трговците на големо од 4 проценти, се вкалкулирани трошоците. Нема да работат со загуба, но нема да остваруваат ниту 10-15% профит,“ одговори Бектеши на прашање на „еМагазин“, дали со донесувањето на Одлука за посебни услови за трговија на одделни стоки, и определување на највисоката трговска (профитна) маржа дел од увозниците ќе престанат да увезуваат храна, поради неисплатливоста.

Кон оваа нивна одлука може да влијае и тоа што голем број од земјите од каде што увезуваат, се забранува извозот, а од друга страна растат и трошоците за транспорт.

„Во продажната цена на трговијата на големо и трговијата на мало се вклучени сите производствени и оперативни трошоци, кои јасно ќе бидат искажани при формирањето на продажната цена,“ додаде тој.

Бектеши најави и дека ќе се ревидираат договорите на големите трговци, главно со трговците на мало кои се однесуваат на договори за купопродажба, каде се дадени дополнителни податоци кои вештачки можат да влијаат на зголемување или поскапување од страна на производителите, за оние прехранбени производи кои се увезуваат во нашата земја.

Истите договори ќе бидат укинати и нема да важат до 31 мај.

Исто така согласно Одлуката нема да пресметува и одобрува рабат и надоместоци кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо и тоа за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови односно полици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лебот, сончогледовото масло за јадење и брашното ќе се продаваат по набавна цена

Државата времено забрани извоз на масло за јадење: Во време на криза, трговците за една недела извезле 330 тони

Цените на производите може да се намалат од сабота, доколку пратениците утре ги изгласат законските измени за ДДВ и акцизата

Овошјето и зеленчукот кои се увезуваат од Турција ќе поевтинат, бидејќи извозот кон Украина и Русија е прекинат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фалат уште 21 илјада евра за лекување на младиот Никола

Редакција

Денешните пријави за бомби се лажни, утврди МВР

Редакција

Мухамед Зеќири пристигна во Кривичниот суд

Редакција