еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Лебот, сончогледовото масло за јадење и брашното ќе се продаваат по набавна цена

Леб бел и полубел (цел и сечен на парчиња), сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло) и брашно од пченица – тип 400 ќе се продаваат по набавни цени.

Министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека со трговците на мало се договориле до 31 мај овие производи да се продаваат без маржа, односно по цени кои се договорени директно со производителите.

На брифингот со новинарите, Бектеши истакна дека 70 проценти од потрошувачката на леб се одвива преку ланците на супермаркети, со кои што е договорена оваа мерка.

Во однос на загубите кои би ги претрпеле помалите локални продавници, Бектеши додаде дека истите имаат и други производи кои ги продаваат, а на кои имаат заработка.

Ограничување на највисоката трговска (профитна) маржа има и за производите шеќер бел конзумен, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо, сувомеснати производи – салама (посебна и паризер од свинско, пилешко и говедско), виршли (пилешки, свински, јунешки) и колбаси (пилешки, свински и говедски) со додатоци во нив, сирење бело кравјо и сирење бело мешано кравјо и овчо, урда кравја, македонски ориз бел, јајца од кокошка и шпагети и макарони од мека и дурум пченица.

„Највисоката трговска маржа за горенаведените производи, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо се утврдува во вкупен износ до 4% на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно во вкупен износ до 3% на продажната цена пресметана во трговијата на мало,“ се вели во Одлуката која ќе се применува до 31 мај 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Државата времено забрани извоз на масло за јадење: Во време на криза, трговците за една недела извезле 330 тони

Овошјето и зеленчукот кои се увезуваат од Турција ќе поевтинат, бидејќи извозот кон Украина и Русија е прекинат

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кина има мировен план за војната, Украина и Русија го поздравија

Редакција

Реквизитите за протест против францускиот предлог се ИН, почнаа да се продават и во супермаркети

Редакција

Нето-надворешниот долг зголемен за 432 милиона евра

Редакција