еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јанакиевски осуден на две години условна казна во предметот „Дизајн”

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и две други обвинети во случајот „Дизајн”, своеволно ја признаа вината за кривичното дело кое им се става на товар и беа огласени за виновни и осудени на условна казна од две години затвор, која нема да се реализира доколку обвинетите во следните пет години не сторат ново кривично дело.

Против пресудата странките имаат право на жалба до Апелациониот суд – Скопје, велат од Кривичен суд Скопје.

Воедно, од Судот информираат дека предметот за обвинетиот И.Ј., кој не ја призна вината, продолжува со главна расправа насрочена за 28 март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истрага „Дизајн“ на СЈО: Јанакиески ја фаворизирал кинеската „Јутонг“ за набавката на двокатните автобуси

Фото: Јанакиески/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регистрирани 218 прекршоци за неносење маски

Редакција

Градоначалникот на Росоман позитивен на Ковид-19

Редакција

Зголемен данок ќе има за луксузните возила и оние кои испуштале повеќе CO2, вели Битиќи

Редакција