Овошјето и зеленчукот се изземени од Одлуката на Владата за определување на највисока трговска (профитна) маржа, информираше министерот за економија, Крешник Бектеши на денешниот брифинг со новинарите.
Оваа одлука, според Бектеши е поради намалената цена на овошјето и зеленчукот, поради намалување на побарувачката на украинскиот и рускиот пазар.
„Цената на овошјето и зеленчукот кои пристигнуваат од Турција се намалуваат, бидејќи има ограничување на пазарите во Русија и Украина,“ рече Бектеши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лебот, сончогледовото масло за јадење и брашното ќе се продаваат по набавна цена
Рафтовите во продавниците нема да останат празни, тврди Бектеши за „еМагазин“
Фото: Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.