еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Транспортерите бараат помош од Владата поради цената на нафтата, се закануваат со протести и прекин на превоз на стока и патници

Итна средба со Владата поради растот на цената на нафтата на која ќе бидат договорени конкретни мерки за ублажување на ударот од кризата кај транспортерите, побара денеска Стопанската интересна заедница за патен транспорт Македонија сообраќај АМЕРИТ, каде членуваат транспортни фирми за превозот на стока и на патници во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај.

Лефтер Андонов, управител на СИЗ „Македонија сообраќај” АМЕРИТ – Скопје, во отворено писмо до Владата предупредува дека поради големото учество на горивото во цената на транспортот и неизвесноста за транспортерите по најавата дека секојдневно ќе има нова цена, ќе бидат принудени да го прекинат превозот на стока и на патници, како и да ги повикаат своите членки на масовни протести до наоѓање решение.

-Во последниот период, цената на нафтените деривати драстично се зголемува, што доведува до
катастрофално влијание врз транспортните фирми. Кога се зголемува цената на горивата,
транспортните фирми се принудени да ги зголемат цените, при што се зголемуваат цените на
производите, директно на удар врз македонските граѓани.

Притоа, многу од нив се соочуваат со огромни загуби, бидејќи превозниците во внатрешниот патнички превоз, имаат склучено договори за редовни линии, за превоз на ученици, на војската и други јавни услуги, договорени цени кои веќе не се одржливи, наведува Андонов.

Тој ја повикува Владата да реагира итно и да договори средба на која ќе учествуваат и тие како претставници на транспортниот сектор и да донесат конкретни мерки за ублажување на овој удар кој, нагласува, многу македонски фирми ќе ги принуди да престанат со вршење на дејноста транспорт.

Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најголем дел од заразените со ХИВ/СИДА во Македонија се мажи на возраст од 20-39 години, од Скопје и Тетово

Редакција

Курти тврди дека напаѓачите се опколени, ги повика да се предадат

Редакција

Овошјето и зеленчукот кои се увезуваат од Турција ќе поевтинат, бидејќи извозот кон Украина и Русија е прекинат

Редакција