еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Трговците најавуваат затворање на бензинските станици во источниот дел на земјата

Воведувањето нова маржа за трговците со горива, односно нејзиното драстично намалување за 33 проценти од 4.5 на три денари, ќе ги принуди сопствениците да ги затворат бензинските станици во источниот дел на државата.

– Маржата и претходно беше навистина мала, но со сегашното намалување нашите загуби ќе бидат екстремно високи. Тие што ги носат овие одлуки треба да имаат предвид дека иако маржата се намалува, придонесите остануваат на исто ниво, што значи дека ние и понатаму треба да исплаќаме плати како маржата да не е променета.

Дополнителен проблем, што се провлекува со години, се и дивите, подвижни, бензински станици кои што нелегално функционираат на паркинзи и каде што гориво се продава и купува во буриња.

Поради сите овие крајно непазарни услови, ние нема да имаме избор и ќе ставиме клуч на нашите бензински станици, вели Гоце Хубрев, претседател на Здружението на брендирани и приватни бензински пумпи, кои што работат во источниот дел на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макпетрол: Намалувањето на маржата ќе предизвика криза со горивата и блокада на економијата

Нов раст: Дизелот поскапува за 8,5, а бензините за 3,5 денари за литар

Цената на горивата ќе се намали до 11,5 денари, со одлуката на Владата за намалени акцизи и ДДВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Половина од македонските фирми сметаат дека има корупција при јавните набавки

Редакција

357 нови случаи на Ковид-19 од 1.387 тестирања, во Скопје 132

Редакција

Можно е одложување на почетокот на пописот, заради вакцинирање на попишувачите

Редакција