еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Цената на горивата ќе се намали до 11,5 денари, со одлуката на Владата за намалени акцизи и ДДВ

Цената на дизел горивото наместо 85,5 денари, колку што изнесува сега, со одлуките што ги донесе Владата на денешната седница, ќе се намали за 10,5 денари и треба да изнесува 75 денари, додека бензинот наместо 91,5 денари ќе се намали околу 11,5 денари и треба да изнесува 80 денари.

Овие одлуки, како што посочуваат од владината прес-служба, се дел од 26-те мерки што ги донесе Владата за заштита на животниот стандард и ликвидноста на компаниите, како и за финансиска поддршка на деловните субјекти.

-Овие намалувања на цените на бензините и другите нафтени деривати произлегуваат од мерката за намалување на стапката на ДДВ од 18 на 10 отсто при промет на енергенсите: дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан, како и од мерката за намалување на акцизата врз основа на берзанските цени, велат од Владата.

Со намаленото ДДВ за нафтените деривати, додаваат, практично се намалува цената на енергенсите за граѓаните со што имаме заштита на животниот стандард од една страна, а од друга страна преку мерката се зголемува ликвидноста и солвентноста на компаниите.

-Со намалувањето на акцизите се заштитува куповната моќ на потрошувачите со директно влијание врз малопродажната цена на овие енергенси, и тоа за околу 1,2 денари, односно 2,3 денари, односно 4,7 денари, вклучувајќи го и ефектот од намален износ на ДДВ за износот на намалена акциза.

Дополнително, со мерката за ослободување од плаќање ДДВ при увоз на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување, се ослободуваат увозниците на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување, од плаќање на данок на додадена вредност при увоз на овие добра, со што се овозможува подобрување на ликвидноста и профитабилноста на компаниите, потенцираат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема застој во снабдувањето со нафта и нафтени деривати од грчките пристаништа, тврдат Ковачевски и Бектеши

Транспортерите бараат помош од Владата поради цената на нафтата, се закануваат со протести и прекин на превоз на стока и патници

Добрата Влада, лошите трговци и загрижените граѓани

РКЕ врши пресметки, од нивниот резултат ќе зависи дали денеска ќе има нови цени на горивата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Србија испраќа војска на границата со Косово, дронови ги надлетуваат српските касарни

Редакција

Топ 10 најголеми должници на Листата на УЈП, на истата се уште се фирмите кои се поврзуваат со Мијалков

Редакција

Угостителските услуги во октомври поскапи за 6,1%

Редакција