еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Можно е одложување на почетокот на пописот, заради вакцинирање на попишувачите

Проверка на попишувачите со ПЦР тестови е тешко да изведе, бидејќи треба секојдневно да се тестираат сите 6.000 попишувачи, да се чекаат резултатите, па потоа да се оди на терен, но што се однесува до вакцинирање на попишувачите тоа може да се направи и ако е потребно и би се согласиле да се одложи попишувањето на терен за краток период за да се спроведе нивната вакцинација.

Ова го истакна директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, денеска на прес-конференција одговорајќи на новинарско прашње.

– Во случај да се прават ПЦР тестови ќе треба да се прави секој ден тестови на околу 6.000 учесници и да се чека резултат следниот ден, па да одиме на попис.

Како ќе ја спроведеме оваа операција, би бил многу среќен сите учесници и сите граѓани да се вакцинираат, меѓутоа знаеме дека во моментов не е возможно. Ако има услови да се вакцинираат попишувачите ќе бидам многу среќен, рече Симовски.

Тој додаде дека за да разговараме за вакцинирање треба да стигнат вакцините кои според најавите се очекуваат в недела, и дека би бил среќен доколку се вакцинираат попишувачите, па не е проблем ако е потребно мало пролонгирање на попишувањето на терен заради ваквата активност, но дека за тоа во моментов не се размислува.

– Ако може да се организира брз процес на вакцинирање, бидејќи треба околу 6.000 лица да се вакцинираат, јас ќе бидам пресреќен и ако заради тоа се донесе одлука на пролонгирање на извесен краток период за отпочнувањето на пописот не би правел проблем, но во моментов Пописот почнува на 1 април и не можеме да одиме со претпоставки.

Никој не може да ја предвиди и најблиската иднина во ваков сучај и каков ќе биде момент кога ќе се донесе одлука. Ако за тоа постојат услови веројатно можеби, но не сме ние тие што ја носиме таа одлука, има процедура што оди малку поинаку. Но, не размислуваме на таа тема во овој момент, рече Симовски.

Во однос на тоа дали има заболени меѓу попишувачите, Симовски рече дека за тоа евиденција водат други институции и дека и доколку има заболени и кога би почнала теренската активност има начин како да се одвива таа.

– Во однос на заболените евиденцијата ја водат други институции. Заболување на поедини учесници е секогаш можно, но ние сме предвиделе начин како да го решаваме тоа.

Затоа имаме и резервни попишувачи кои би ускокнале ако се случи такво нешто, појасни директорот на Државниот завод за статистика.

Тој додаде дека никој не може да предвиди што ќе се случува во индина во однос на пандемијата и дека се организирани да го спроведат пописот.

– Наоѓаме начини, односно сме предвиделе можност да решаваме и вакви случаи, а тоа колкав ќе биде обемот и како ќе се случува не можеме да го гарнатираме. Никој во државата, па и на планетата не може да го гарантира, потенцира Симовски.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР: Лажни покани по мејл се испраќаат во име на полициски функционер

Редакција

Бројката повторно порасна: Македонија ќе прими 650 цивили од Авганистан

Редакција

Наместо со паметни телефони, ќе комуницираме со помош на очила

Редакција