еМагазин
Image default
Македонија

МВР: Лажни покани по мејл се испраќаат во име на полициски функционер

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска до одредени граѓани и правни лица од страна на сторител кој лажно се претставува во име на МВР, односно во име на државниот секретар Магдалена Несторовска, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага за измама во банка.

„Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР презема мерки и активности за законско санкционирање на сторителот.

Ги известуваме граѓаните дека Министерството за внатрешни работи не користи електронска пошта за испраќање на покани до граѓани во врска со спроведување на истраги, туку тие покани се испраќаат во хартиена форма, со соодветна процедура. Апелираме до граѓаните воопшто да не ги отварат овие електронски пораки“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија нема случај со мајмунски сипаници, вели Сали

Редакција

Мицкоски бара детална истрага за Јанева и други обвинители за „Рекет“ и да се одземат сите предмети на СЈО

Редакција

58 се реинфекции: 467 нови случаи на Ковид-19 од 2.533 тестови

Редакција