еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Струјата поскапува за 7,4 отсто, евтината тарифа останува

Цената на електричната енергија што ја плаќаат домаќинствата на регулираниот пазар се зголемува за 7,4 отсто, а граѓаните и понатаму ќе можат да ја користат евтината тарифа во истите период како и досега, потврди денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски.

Поскапување на струјата, како што кажа, побарале сите електро-енергетски компании заради проблемите што ги предизвика кризата со коронавирусот Ковид-19.

ЕСМ, додаде, има намалување на приходите од продажба на вишоци на електрична енергија од 17 милиони евра, а МЕПСО намалување на приходите од 11 милиони евра.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општините потрошиле 770 илјади евра за прскање против комарци, велат од Центарот за граѓански комуникации

Редакција

(Фото) Кејот 13 Ноември во Скопје реконструиран и поширок

Редакција

(ВИДЕО) Несреќа во Италија: Се откачи кабина од жичарница, загинаа најмалку 13 лица

Редакција