еМагазин
Image default
Бизнис

Жито лукс лани со загуба

Наспроти добрите резултати во првото полугодие од 2021 година споредбено со истиот период минатата година, притисокот од огромното зголемување на цените на суровините, пакувачките материјали и енергенсите во третото, а особено во четвртото тромесечие се одрази негативно врз работењето на компанијата, информираат од Жито лукс АД Скопје, преку Македонската берза.

“Цената на пченицата, која е од најголемо влијае на цената на лебот и брашното, за една година се зголеми за најмалку 40%. Во последните месеци цената на енергенсите (струја, гас и нафта), има тренд на пораст, што дополнително предизвика зголемување на цените на суровините што се користат за производство.

Имајќи ги во предвид овие околности, компанијата пристапи кон првично минимално зголемување на цените во октомври, и дополнително во ноември. По одлука на Владата, од 1. декември цените на сите основни продукти беа замрзнати, вклучително и на сите видови на леб и брашно Тип 400.

Сите овие фактори влијаеа негативно на профитабилноста и компанијата ја заврши годината со загуба пред оданочување од 16,7 милиони денари.

Позитивен ефект е забележан кај финансиските трошоци, каде во услови на пониски приходи од продажба, компанијата оствари намалување за 3,5 милиони денари.

Приходите од продажба се намалени за 6%, генерално како ефект од ковид кризата, која започната минатата година, што доведе до вонредно зголемена побарувачка на производи од сегментите брашно и леб со подолг рок, поради полицискиот час.

Со оглед на постепено нормализирање на состојбите, а со тоа и на побарувачката во овој сегмент на производи, приходите од продажба на домашен пазар бележат намалување за 7%, додека приходите од продажба на странски пазар се зголемени за 10% во споредба со минатата година.

Трошоците на произведени производи се намалени за 2% или 18.356 илјади денари, споредено со истиот период минатата година. Намалените трошоци не го следат доследно трендот на намалување на продажбите, поради зголемените цени на влезните инпути.

Фокусот на компанијата останува кон рационализација на трошоците и зголемување на продуктивноста.

Трошоците за продажба и дистрибуција се намалени за 1%, додека административните трошоци бележат намалување од 4%. Останатите оперативни приходи се зголемени за 37%, поради еднократен ефект, додека вредносното усогласување и останатите оперативни трошоци се намалени за 7 милиони денари споредено со минатата година“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Смени во менаџментот на Жито лукс

Жито лукс ја зголеми добивката за 41%

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) “Таб Мак„ од Пробиштип доби фотоволтаичната централа

Редакција

Горивата поскапуваат од половина до еден денар за литар

Редакција

УЈП почнува со достава на „претпополнети“ даночни пријави

Редакција