еМагазин
Image default
Бизнис

Мермерен комбинат лани со зголемена добивка

Мермерен комбинат АД Прилеп (“Друштвото”) за периодот од 1 јануари до 31 декември 2021 оствари приходи од продажба во износ од 1.856.984 илјади денари, што претставува зголемување за 36.03% споредено со истиот период од изминатата година, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Остварената оперативна добивка за периодот е во износ од 1.011.112 илјади денари, споредено со остварената оперативна добивка за истиот период во 2020 година во износ од 541.137 илјади денари, што претставува зголемување за 86.85%.

EBITDA за периодот од 1 јануари до 31 декември 2021 година изнесува 1.152.956 илјади денари наспроти остварениот износ од 684.574 илјади денари истиот период од изминатата година, или зголемување за 68.42%.

Крајниот резултат по оданочување е позитивен и изнесува 911.863 илјади денари наспроти остварената добивка за истиот период од минатата година од 511.377 илјади денари и покажува зголемување за 78.32%.

Оперативните расходи изнесуваат 877.661 илјади денари и се повисоки за 1.81% во однос на истиот период од минатата година.

Евидентирано е зголемување на трошоците за материјали и суровини за 5.47%, а на расходите за вработени намалување за 0.96%.

Трошоците за надворешни услуги се зголемени за 5.85%. Трошоците за амортизација изнесуваат 136.737 илјади денари и тие се пониски за 1.84% во однос на минатата година“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мермерен комбинат ќе дели дивиденда од 2,24 евра по акција

Триантафилос Триантафилу избран за член на Одборот на директори на Мермерен комбинат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штетата од пожарите огромна: Изгореле 442.074 метри кубни дрвна маса

Редакција

Голем интерес за граѓанската обврзница: 1.283 граѓани уплатиле 1,4 милјарда денари

Редакција

YFA Automotiv ќе произведува инфлатори за воздушни перничиња во Бунарџик

Редакција