еМагазин
Image default
Бизнис

Реплек лани со намалена добивка

Реплек АД Скопје во периодот од 1 јануари 2021 година до 31 декември 2021 година оствари неконсолидирана добивка пред оданочување во износ од 59.710.425 денари и бележи намалување од 42% во однос на истиот период минатата година, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Остварената добивка пред оданочување во најголем дел произлегува од евидентираните приходи од вложувања во поврзаните субјекти во износ од 76.000.000 денари, што претставува дел од остварениот резултат на поврзаните субјекти во 2020 година (претходната година е извршена распределба на дивиденди од поврзаните субјекти на износ од 108.000.000 денари од остварениот резултат во 2019 година).

Оперативните приходи изнесуваат 110.936.585 денари и се зголемени за 6%, а оперативните расходи изнесуваат 125.704.950 денари и бележат зголемување за 16% во однос на истиот период претходната година.

Вкупните приходи од продажба се зголемени за 6% во однос на истиот период минатата година.

Реплек во текот на 2021 година има приливи од дивиденда од придружени друштва во износ од 76.000.000 денари“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателот и член на Управниот одбор на Реплек, купија акции во компанијата

Иван Туџаров разрешен, Билјана Несторовска-Ѓошевска избрана за член на Управниот одбор на Реплек

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Скопски пазар“ од трговска стана компанија за изнајмување имот

Редакција

Колкави приходи и од што лани оствариле ТВ 24 и Наша ТВ

Редакција

45 македонски државјани во Дубаи имаат 55 имоти вредни 14 милиони евра

Редакција