еМагазин
Image default
Свет

(Видео) Суданскиот премиер преживеа обид за атентат со бомба

Суданскиот премиер Абдула Хамдок денеска преживеа обид за убиство во престолнината Картум, каде имало експлозија до конвојот со возила на премиерот, пренесоа новинските агенциите.

Семејството на премиерот соопштило дека тој е безбеден, а засега никој не ја презел одговорноста за нападот.

Хамдок беше именуван за судански премиер во август минатата година, по продемократските протести што ја присилија војската да го собори од власта претседателот Омар ал-Башир и на чело на земјата да донесе цивилна влада.

Фото/Видео: thestatesmen/youtube/dailynation

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кина го контролира пазарот: Државите ќе имаат проблем и со набавката на ретки метали со кои се изработуваат батерии

Редакција

(Видео) Цело раководство на украинското МВР загина во хеликоптерска несреќа, меѓу загинатите и две деца

Редакција

Европската унија одговори на руското однесување во Украина: Санкции за 351 член на Думата и 27 компании и поединци

Редакција