Суперхикс на 3-ти март 2019 година во МКЦ, Скопје, на свој начин ќе прослават 25 години од својот прв настап во некогашниот Доорс во Дебар Маало, Скопје. Банда инструментале на истиот ден, 03-ти март, во 1994 година за прв пат го размрдаа Скопје.
Тие во целото свое постоење се поклонуваат на специфичниот ритам и музика кои го исполнуваат секој кој ќе ги слушне „Раде“, „Африка“, „Глупави песни“, и многуте други. Својот раст и својот развој, задржувајќи го тоа што секогаш ги прави тоа што се, Суперхикс го негуваат и во „Модерна љубов“, сингл чие видео денес излезе во јавност.
Видеото и песната „Модерна љубов“ се снимени во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски од Скопје и за прв пат како редовен и нов член на бендот учествува и Стефан Алексовски на клавијатури.
Суперхикс се враќаат верни на својот стил и посветени на музиката пред својата 25 годишнина. Картите за настапот во МКЦ се на работ на распродавање и за тие кои што сакаат да го почувстуваат тоа што само Суперхикс може да го понуди немаат уште многу време.