еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Видео) Светскиот туристички блогер Роберт Дацешин за Македонија: „Поради овие работи се заљубив во оваа држава“

„Преубави локации, вкусна храна и прекрасни луѓе“. Со овие зборови еден од најпознатите светски туристички блогери Роберт Дацешин, кој по потекло е од Босна и Херцеговина ја опишува Македонија, во првото од четирите предвидени видеа снимени за време на неговиот престој овде.

Тој истакнува дека од сите земји од поранешна Југославија, кои што ги посетил, најубава му е Македонија. Видеото е своевиден водич, бидејќи во него, освен прекрасните кадри од природните убавини на Македонија, Дацешин препорачува кои места треба да се посетат, која храна да се вксуи, што може да се купи за 10 евра.

Посебно ги истакнува гостопримливоста и топлината на народот.

Дацешин направи неверојатна промоција на Македонија на неговиот Јутјуб канал, каде што за три дена, видеото има 29.000 прегледи.

Кога ќе го погледнете, ќе ве натера и вие повторно да се заљубите во сопствената земја, за која што обременети со дневно-политички случувања, забораваме што имаме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Баравме змии, ама немаше,“ светскиот туристички блогер Дацешин со репортажа од Голем град

„Се плашев дека го идеализирам, но Охрид е поубав од што можев да замислам“, вели светскиот туристички блогер Дацешин

(Видео) „Баравме змии, ама немаше,“ светскиот туристички блогер Дацешин со репортажа од Голем град

Фото: Дацешин/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Поранешната министерка Нина Ангеловска „не се сврте дома“ откако ја напушти Владата

Редакција

50-годишен полицaeц од Демир Капија осомничен за родосквернавење врз сопствениот син

Редакција

Корона вирусот „пристигна“ во Европа: Во Германија потврден првиот случај

Редакција