еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

50-годишен полицaeц од Демир Капија осомничен за родосквернавење врз сопствениот син

Донесено е решение за мерка притвор за полициски службеник од Демир Капија осомничен за родосквернавење врз сопствениот син, информираа денеска од Основен суд Кавадарци.

– Постапувајќи по предлогот на ОЈО Кавадарци за постоење основано сомнение за сторено кривично дело родосквернавење врз сопствениот син кога бил на возраст од 17 години по чл. 194 ст. 1 од КЗ, а во согласност со чл. 165 ст. 1 т. 3 вв чл. 168 од ЗКП и чл. 162 вв чл. 69 ст. 4 од ЗКП, судијата на претходна постапка Лидија Ридова на ден 16.08.2023 донесе решение за определување мерка притвор во траење од 30 дена спрема лицето З.П., полициски службеник од Демир Капија на возраст од 50 години, соопштија од Судот.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Теламон-Европа“ го пушти во употреба вториот производствен погон

Редакција

Во војната на страна на Украина се бореле 79 македонски државјани, загинале 26

Редакција

(Видео) Напад на Украинците на Русија: Во Белгород со хеликоптери уништија скалидиште со нафта, тврди Москва

Редакција