еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Настаните ги видовме како бескорисни, велат од Американската амбасада за посетата на Курти

Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Скопје не гледа за неопходно да ја коментира посетата на премиерот на Косово, Албин Курти на Скопје и Тетово пред неколку дена, бидејќи како што велат „настаните ги видовме како бескорисни“.

– Настаните ги видовме како бескорисни и ве упатуваме на коментар во Амбасадата на САД во Приштина, велат од амбасадата за порталот indeks.mk.

Американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер, зборувајќи за неодамнешната посета на косовскиот премиер Албин Курти на Македонија, рече дека САД не поддржуваат ниту „голема Албанија“ ниту „голема Србија“.

– Соединетите Американски Држави не поддржуваат „голема Албанија“ или „голема Србија“, ниту пак прекројување на државните граници во балканскиот регион. Секој обид да се направи тоа би бил контрапродуктивен и дестабилизирачки. САД силно го поддржуваат територијалниот интегритет на сите земји од Западен Балкан, вклучително и Косово, рече Ховениер, пренесува „Газета експрес“.

Посетата на албанскиот премиер Курти предизвика многу реакции во домашната и регионалната јавност, а коментар за неа одбегна да даде и американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, кој на новинарско прашање во Белград, рече дека тоа прашање ќе го остави за некој друг или пак на „фантазијата“.

– Ќе ви препуштам на вашата фантазија што луѓето можат да мислат за настанот во Тетово или прашајте некој друг, изјави Хил, прашан за коментар на посетата на Курти во Тетово.

Хил, исто така, порача дека Белград и Приштина треба да ги решат сите прашања преку бриселскиот дијалог.

Албин Курти минатата недела престојуваше во неофицијална посета на земјава без средби со државниот врв, но со заеднички активности со градоначалниците на Чаир и Тетово – преименувањето на улица во Општина Чаир и посета на планинското село Вејце во Општина Тетово.

Посетата предизвика лавина реакции во јавноста, градоначалниците Биљал Касами и Висар Ганиу добија прекршочни пријави за тоа што не ги испочитувале државните симболи при посетата на Курти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прекршочни за Касами и Ганиу, не ги испочитувале државните симболи при посетата на Курти

(Видео) Касами не само што не се извини и огради, туку си објави и видео на кое се потенцира знамето со карта од „Голема Албанија“

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Екатимерини“: Мицотакис побарал од Заев да се почитува Преспанскиот договор ако земјата сака во ЕУ

Редакција

Границата со Грција останува затворена до 30 ноември

Редакција

Сексуалните работнички маршираа против насилството и дискриминацијата и повторно побараа декриминализација на нивната работа

Редакција