еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) УНХЦР: Повеќе од пет милиони луѓе ја напуштија Украина од почетокот на руската инвазија

Повеќе од пет милиони луѓе ја напуштија Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, соопшти Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).

Агенцијата на ОН со седиште во Женева денеска соопшти дека вкупниот број бегалци од Украина е 5.010.000. Повеќе од половина од нив, над 2,8 милиони, избегале во Полска, барем на почетокот.

Иако многумина останаа во Полска, не се знае колку луѓе заминале во други земји. Заминувањето на Украинците од земјата е забавено во последните недели во споредба со почетокот на војната.

УНХЦР наведува дека повеќе од седум милиони луѓе биле раселени во внатрешноста на Украина, која пред војната имаше 44 милиони жители.

Украина информираше дека од почетокот на руската окупацијата, убиени се 20.900 руски војници. Ова се наведува во новиот извештај за руските загуби за време на инвазијата.

Украинците тврдат дека досега срушиле 171 авион, 150 хеликоптери, уништиле 815 тенкови, 2.087 оклопни транспортери, 391 артилериски систем, 136 повеќецевни ракетни фрлачи, осум бродови, 76 цистерни со гориво.

Овие информации не се потврдени од независен извор.

Видео: Официјален сајт на Европска комисија/Фото: СЗО/Украина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Бугарски навивачи ја нападнаа полицијата на стадионот „Тодор Проески“, има и уапсени

Редакција

На Водно ќе нема движење од 18 часот до 6 наутро, за да се спречат забавите и собирањата

Редакција

„Денови на македонската литература“ на Филолошкиот факултет при УКИМ

Редакција