еМагазин
Image default
Македонија

(Видео) Василевски: Доставувањето на протестното писмо беше проследено со вулгарности и е на погрешна адреса

Пратеникот Сашо Василевски, кој гласаше за стартување на процесот за промена на Уставот, што е предвидено со договорот за името со Грција, за протесното писмо кое синоќа му го доставија од движењето „Македонија блокира“, вели дека е предоцна за истото и дека е доставено на погрешна адреса:

„Писмото треба да се достави и до друга адреса, тоа е мојата матична партија. Тие изминатите 12 месеци не преземаа никакви активности за релаксирање на состојбата. Како пратеник од Охрид сакам само да кажам дека треба да имате верба… Работата е премногу сериозна и јасна, ова се притисоци што не можат да поминат. Ова писмо е задоцнето, а и треба да се однесе на адреса на мојата матична партија, каде не преземаат никакви активности за релаксирање на состојбите„, рече Василевски нагласувајќи дека зеленото копче го притиснал без притисок, со цел еднаш засекогаш да бидат ставени зад врата „лажниот патриотизам и национализам“.

Протестно писмо синоќа беше доставено и до пратеникот Љубен Арнаудов, а претходно и до Крсто Мукоски, кои исто така гласаа за старт на процедурата за промена на Уставот.

Фото/Видео: A1on.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Василевски: Доставувањето на протестното писмо беше проследено со вулгарности и е на погрешна адреса

(ВИДЕО) Од „Македонија блокира“ му ја пееја „Едно име имаме“ на Крсто Мукоски пред неговиот дом

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Лекарот кој беше физички нападнат е во стабилна состојба, нема сериозни повреди

Редакција

Нови 324 случаи на Ковид-19 од 2.660 тестирања

Редакција

Ново рочиште за „Тарифа„ на СЈО

Редакција