Денеска се обележуваат пет години од вооружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“, во која загинаа осум припадници на полицијата.
Во престрелките животот го загубија: Жарко Кузмановски, Ненад Серафимовски, Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Исамедин Османи, Љубиша Аранѓеловиќ, Горан Стојменовиќ, кои посмртно беа одликувани со „Медал за храброст“, а 37 припадници на безбедносните сили беа повредени.
Кумановци на 9-ти мај пред пет години ги разбудија звуци од оружје, надлетувања хеликоптери, дел од градот во близина на „Тоде Мендол“ или попознато како Диво Насеље беше затворен.
Граѓаните и наредниот ден слушаа рафали, се гледаше црн чад. Денес за овој настан сведочат вдлабнатини од куршуми на една од куќите на почеток од уличката „Јоско Илиевски“, која сведочи за кумановските настани од 9 и 10 мај 2015 година.
Граѓаните велат дека настаните не треба да се заборават и никогаш да не се повторат.
И кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски сподели видео на социјалните мрежи од Диво Насеље, истакнувајќи дека градот ќе продолжи да се развива, но и дека заслужува одговор што вистински се случи на 9 и 10 мај 2015.
МИА/Фото/видео: МВР