еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Зијадин Села реизбран за претседател на Алијанса за Албанците

На втор конгрес на Алијанса за Албанците во Тетово, досегашниот претседател Зијадин Села беше повторно избран за лидер на партијата.

Тој немаше противкандидат и речиси сите, околу 600 делегати, гласаа за реизборот на Села како претседател.

Тој рече дека политичкото дејствување ќе биде насочено согласно партиската платформа каде има неколку клучни поенти за кои ќе се залагаат. Дел од нив, како членство во НАТО и Закон за државјанство, нагласи, веќе се отстранети како исполнети.

-Во платформата уште стои потребата за еднаквост во оваа држава. Значи државата треба да биде еднаква за сите, а не општеството да биде едно за сите. Стојат потребите за уставни измени, стои дека албанскиот јазик треба да се решава со Устав.

Нема примерок во светот каде една третина од едно вкупниот број на населението да се третира како малцинство и плус оние дефиниции за албанскиот јазик кои се омаложувачки дефиниции кои даваат привременост на албанскиот јазик. Албанскиот јазик не е некој јазик со проценти над или под 20 проценти, изјави Зијадин Села по конгресот на средбата со новинарите.

Тој посочи дека ќе се залагаат како партија за поинаквов вид на децентрализација на локалната власт од државната.

-Ние се залагаме за вистинска децентрализација, тоа подразбира можности и власт која е поблиска до граѓаните. Не можеме ништо да направиме со ваква локална власт која е најцентрализирана во регионот и во пошироки примери и размери.

Предвидуваме ДДВ-то кое ќе се враќа да биде повисоко и градоначалниците кои се избираат да имаат не само ветување, туку и можности да ги исполнат тие ветувања, истакна Села.

На новинарско прашање како ја коментира реакцијата на активист дека нелегално се избира по трет пат, Села рече дека ова е втор конгрес и според тоа нема прекршување на статутот каде се вели дека претседател може да има само два мандати. Најави дека овој ќе му биде последен мандат како претседател на Алијанса за Албанците.

-Секој има право да критикува, да размислува. На сите членови им се заблагодарив и на тие што се противеа и ние имаме потреба и од критики, за да се усовршиме уште повеќе. Се работи за наш активист, немам информации дали е зачленет, знам дека не е делегиран како делегат во конгресот.

Тоа право го немам јас, туку членство каде се прават избори, собрание каде се прават избори и даваат право за делегирање. Не стојат тие работи. Ова е втор конгрес и не може да биде трет мандат како претседател на Алијансата за Албанците, истакна лидерот на партијата.

Во работниот дел од конгресот Алијанса за Албанците усвои декларација во која се опфатените економска криза и социјален аспект, како и агресијата на Русија во Украина.

Изгласани беа промени во статутот на партијата при што најниско ниво на организација нема да биде подогранок, туку Совети на гласачко место.

МИА/Фото: Села/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори, се уриваваат темелите на државата

Редакција

Корона вирусот „влезе“ во Домот за стари лица во Радовиш

Редакција

ИК на ВМРО-ДПМНЕ го овласти Мицкоски да продолжи со разговори за формирање Влада

Редакција