еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Вистината не ја дознавме: Како изгледаше акцијата во „Диво Насеље“

Денеска се обележуваат пет години од вооружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“, во која загинаа осум припадници на полицијата.

Во престрелките животот го загубија: Жарко Кузмановски, Ненад Серафимовски, Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Исамедин Османи, Љубиша АранѓеловиќГоран Стојменовиќ, кои посмртно беа одликувани со „Медал за храброст“, а 37 припадници на безбедносните сили беа повредени.

Кумановци на 9-ти мај пред пет години ги разбудија звуци од оружје, надлетувања хеликоптери, дел од градот во близина на „Тоде Мендол“ или попознато како Диво Насеље беше затворен.

Граѓаните и наредниот ден слушаа рафали, се гледаше црн чад. Денес за овој настан сведочат вдлабнатини од куршуми на една од куќите на почеток од уличката „Јоско Илиевски“, која сведочи за кумановските настани од 9 и 10 мај 2015 година.

Граѓаните велат дека настаните не треба да се заборават и никогаш да не се повторат.

И кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски сподели видео на социјалните мрежи од Диво Насеље, истакнувајќи дека градот ќе продолжи да се развива, но и дека заслужува одговор што вистински се случи на 9 и 10 мај 2015.

МИА/Фото/видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лавина реакции: Осуда на сите кои даваат политичка конотација на трагедијата кај Карпалак

Редакција

Граѓаните се уште може да пријавуваат групирања на бесплатниот телефонски број 0800-00-201

Редакција

Нови 373 случаи на Ковид-19 од 2.345 тестирања, во Скопје 155

Редакција