Украинскиот претседател Володимир Зеленски рано утринава преку видео-порака до нацијата даде оптимистичка оценка за војната и ги повика Украинците да продолжат со отпорот, јавија британските медиуми.
-Ние сме нација која една недела ги осуетува плановите на непријателот. Тука нема да имаат мир. Нема да имаат храна. Овде нема да имаат мир, рече Зеленски.
Тој не коментираше дали руските сили зазеле неколку градови, вклучувајќи го и Херсон.
-Доколку отишле некаде, тоа е само привремено. Ќе ги потиснеме, рече Зеленски.
Украинскиот претседател додаде дека борбите влијаеле врз духот на руските војници кои „одат во продавници за храна и се обидуваат да најдат нешто за јадење“.
-Тоа не се борци на велесила. Тоа се збунети деца кои се искористени, рече Зеленски.
Според него, бројот на убиени на руска страна веќе достигна 9.000.
-Украина не сака да биде покриена со тела на војници, изјави украинскиот претседател во утринската видео порака.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По барање на 39 земји отворена истрага за можни воени злосторства во Украина
МИА/Фото: Фејсбук/Зеленски