еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од утре дожд и снег

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната од 4 до 12 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, попладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.

УХМР најавува дека од утре ќе се зголеми облачноста. Од утре попладне и за време на викендот ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места од снег. Повремено врнежите ќе имаат пообилен карактер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Арсим Зеколи за кампањата во Грција: Гестот со Macedonia is GReat е понижувачки

Редакција

Најдобрата македонска скијачка Јана Атанасовска избришана од листата за ваучери на Скијачката федерација на Македонија

Редакција

Студија: 11% од израелските деца кои се заразиле со коронавирусот сега страдаат од „долгорочни ефекти на Ковид-19“

Редакција