еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Изминатата ноќ во Украина: Гранатирани Харков и Киев, жестоки борби и стотици загинати во Мариупол, Херсон падна во „руски раце“

Голема експлозија одекна синоќа во Киев, набргу откако се огласија предупредувачките сирени во главниот град на Украина. Прелиминарните извештаи покажуваат дека мета на нападот била централната железничка станица во Киев.

„Се уште нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета, но експлозијата би можела да го прекине снабдувањето со централно греење на делови од главниот град на Украина каде има ниски зимски температури, изјави советникот на Министерството за внатрешни работи Антон Херашченко во објава на интернет.

Русите синоќа го зазедоа и градот Херсон, а информацијата ја потврди и градоначалникот Игор Коликаев. Тој информираше дека Русите влегле во Градскиот совет, и ги замолил, да не пукаат во цивили, а граѓаните да не се судираат со војската.

Во јужното пристаниште Мариупол по повеќечасовното континуирано гранатирање, има стотици загинати според украинските власти, но градот останал во рацете на Украина.

Харков синоќа исто така беше во пламен, каде што руските падобранци слетаа во текот на ноќта, а се случи и масовно гранатирање на централниот дел на градот, каде што беа уништени голем број на цивилни објекти. Но градот, според локалните власти се уште е во рацете на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русите подготвуваат атентат на Зеленски, почнува битката во Кремљ за соборување на Путин, открива хакерската група Анонимуси

(Видео) На протест против војната во Русија уапсена и 77-годишна активистка

(Видео) Украински граѓани го блокираа пристапот на Русите до нуклеарната централа во Енергодар, најголема во Европа

Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спасовски сведочеше за „Софтвери“: Не бил запознаен со набавката на софтверот за МВР

Редакција

ЕУ ја обвини Русија за кризата со храна, рускиот претставник во Советот за безбедност на ОН ја напушти седницата

Редакција

Сиријците се борат за Русите во Украина за 5.000 фунти плата

Редакција