П.И “Витаминка” АД Прилеп за периодот јануари-јуни 2019 година оствари добивка од 5,6 милиони денари, што е намалување во однос на истиот период минатата година кога добивката на компанијата изнесувала 42,3 милиони денари, покажува неревидираниот консолидиран биланс на успех на компанијата објавен преку Македонската берза.
„Остварените консолидирани вкупни приходи за првото полугодие во 2019 година изнесуваат 1,1 милијарда денари и во споредба со остварените во 2018 година бележат раст од 15%.
Остварените консолидирани вкупни расходи за првото полугодие во 2019 година изнесуваат 1 милијарда денари и во споредба со остварените во 2018 година бележат раст за 9%“, сооппшти компанијата.
Вкупните инвестиции во основни средства во 2019 година за извештајниот период изнесуваат 157.312.000 денари.
Во периодот јануари – јуни 2019 година во групацијата на П.И “Витаминка” АД Прилеп се реализирани 23 нови вработувања.
Фото: Витаминка