Витаминка АД Прилеп за периодот јануари – декември 2022 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех, информира компанијата преку Македонската берза.
– Остварените единечни вкупни приходи за 2022 година изнесуваат 3.899.389 илјади денари и во споредба со остварените во 2021 година бележат пораст од 27%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 98%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2021 година за извештајниот период бележат пораст од 26%.
Остварените единечни вкупни расходи за 202 година изнесуваат 3.971.472 илјади денари и во споредба со остварените во 2021 година бележат раст од 29%. Растот на вкупните расходи е во корелација со оперативното работење за извештајниот период и континуираниот раст на цените на репроматерјалите во меѓународни рамки, растот на енергенсите и растот на стапката на инфлацијата, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Директорот на Витаминка, Сашо Наумоски стана почесен конзул на Украина во Македонија
Витаминка со намалена добивка во првите девет месеци