„Виз ер“ денеска најавува постепено повторно отворање на 7 линии и воведување на 2 нови линии од Скопје и Охрид до дестинации во 7 земји, почнувајќи од март и мај, информираат од компанијата.
Местата за повторно отворените рути се веќе достапни онлајн на wizzair.com и преку мобилната апликација од дури 19,99 евра.
Граѓаните повторно ќе можат да летаат од Скопје до Билунд, Бремен, Рим-Чампино, Турку и Векше и од Охрид до Фридрихсхафен и Меминген.
Дополнително, „Виз ер“ ќе започне со работа на 2 нови линии – Охрид-Лондон-Лутон и Скопје-Малта.
Овие рути се надополнуваат на постоечките од аеродромите во Северна Македонија до популарните дестинации. Така, македонските патници ќе можат да ги користат овие евтини услуги на „Виз ер“ до некои од највозбудливите градови во Европа.
За дополнителна сигурност, „Виз ер“ им препорачува на патниците да додадат „Виз флекс“ на нивната резервација, за дополнителна заштита. Со тоа, патниците можат да изберат да патуваат на друг датум или до друга дестинација, како и да имаат можност да го откажат својот лет до 3 часа пред полетувањето без никаков надоместок и да добијат 100% од оригиналната цена на билетот веднаш вратени како кредити на авиокомпанијата.
„Со задоволство објавуваме дека повторно ги отвораме дестинациите и дека воведуваме сосема нови рути низ нашата мрежа, меѓу кои се 7-те повторно отворени услуги и другите 2 нови од Северна Македонија.
Преку овие рути нудиме погодни дестинации за Македонците по ниски цени. Со нетрпение очекуваме да им посакаме добредојде на патниците кои повторно ќе патуваат на 9-те главни дестинации во Европа од Скопје и Охрид, почнувајќи од март и мај,“ изјави Zsuzsa Trubek, менаџер за корпоративни комуникации во „Виз ер“.