еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Фуркан Салиу објави нови снимки од неговото приведување

Новинарот Фуркан Салиу, кој беше приведен на фудбалски натпревар, на порталот PortaliX, каде е уредник и основач, објави нови снимки од неговото приведување.

На истите се гледа и моментот на неговото приведување, а и се слуша како вели дека неможе да дише, додека е совладан од полицаец:

Во видеото кое го објави порталот има и снимки од вербалната расправија која вчера ја имаше на прес-конференција со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вербална расправија на министерот Тошковски и новинарот Салиу на прес-конференција

Салиу тврди дека не нападнал полициски службеник, а Тошковски, пак вели дека од негова страна во најмала рака имало попречување во извршување на работата на полициски службеник.

Во неговото возило е пронајден и пиштол за кој тој имал дозвола, а според Тошовски е спорно дали го носел и чувал истиот како што предвидува законот.

Според Салиу тој се придржувал до законот и пиштолот бил расклопен.

Приведувањето ќе го анализира и внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новинарот Салиу го носел пиштолот бидејќи секој ден одел на стрелиште, вели тој

Кој го предизвика инцидентот на фудбалскиот натпревар на кој беше приведен новинарот Фуркан Салиу

Пиштолот е со дозвола, не нападнав никого, се јави новинарот Фуркан Салиу

Фото: Салиу/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Бојкотирам“ и „За европска Македонија“ треба да им се извинат на граѓаните

Редакција

Мицкоски: Се потврдија сомневањата дека постои директна спрега меѓу владеачката партија и „Русковска обвинителството“

Редакција

На судењето за несреќата кај Ласкарци сведочеше вештакот Зекири

Редакција