еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој го предизвика инцидентот на фудбалскиот натпревар на кој беше приведен новинарот Фуркан Салиу

Приведувањето на новинарот и уредник на порталот PortaliX, Фуркан Салиу е во фокусот на јавноста и медиумите.

Тој тврди дека не нападнал полициски службеник, а од Министерството за внатрешни работи го тврдат спротивното. Според министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, од негова страна во најмала рака имало попречување во извршување на работата на полициски службеник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вербална расправија на министерот Тошковски и новинарот Салиу на прес-конференција

Приведувањето ќе го разгледува и внатрешната контрола на МВР.

Како што е познато истото се случи на фудбалски натпревар од Трета лига во селото Средно Коњаре, а играа ГФК Куманово и БВК Коњаре.

Со 2:0 победи тимот од Куманово, што според клубот предизвикало револт кај навивачи на ФК Шкендија од Арачиново, кои исто така биле присутни на истиот.

Битката за првото место во Лигата се води токму помеѓу тимот на ГФК Куманово и ФК Шкендија.

Токму навивачите на клубот од Арачиново како што информираа од ГФК Куманово ја нападнале домашната публика и локалното население по што дошло и до интервенција на полицијата.

Според МВР пак домашната публика сакала да се пресмета со гостинските играчи.

Салиу е приведен, како што вели тој додека сакал да ја сними интервенцијата на полицијата.

Подоцна во неговото возило е пронајден и пиштол за кој тој имал дозвола, а според МВР е спорно дали го носел и чувал истиот како што предвидува законот.

Според Салиу тој се придржувал до законот и пиштолот бил расклопен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новинарот Салиу го носел пиштолот бидејќи секој ден одел на стрелиште, вели тој

(Видео) Фуркан Салиу објави нови снимки од неговото приведување

Пиштолот е со дозвола, не нападнав никого, се јави новинарот Фуркан Салиу

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се обвинуваат за непотизам

Редакција

По барање на Боки 13, Судски совет ќе изврши вонреден надзор во Кривичен

Редакција

Учениците се враќаат на настава, почнува второто полугодие

Редакција