еМагазин
Image default
Локално

Вкупно 15 кривични пријави за непочитување на работното време во локалите од полошкиот регион

Во периодот од 18 декември 2020 година па до 21 јануари годинава, за вкупно 15 сопственици на угостителски објекти на подрачјето на СВР Тетово се поднесени кривични пријави затоа што не ја почитувале мерката за ограничено работење до 18 часот.

Од нив осум се од тетовскиот регион, а седум од гостиварското подрачје.

„Станува збор претежно кафеани и кафулиња, кои биле отворени и работеле по 18 часот и во кои престојувале и биле послужувани гости.

Пријавените се сомничат дека сториле кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик, а нивните објекти биле затворени од Државниот пазарен инспекторат“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според евиденцијата на СВР Тетово меѓу пријавените објекти кои го пречекориле дозволеното работно време и со тоа ги прекршиле мерките за спречување на ширењето на коронавирусот Ковид-19 се и ќебапчилници, чајџилници, слаткарници и други.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројца приведени за напад на полицаец во Струга

Редакција

За викендот на граничните премини Богородица и Стар Дојран поминале 51 илјади патници

Редакција

Водата за пиење во Струга заматена и не треба да се користи

Редакција