еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Вкупно шест медали од кои едно двојно злато за ВВ „Тиквеш” и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ во Кина

Добро познатото црвено „Т’га за југ“ – берба 2019-та од ВВ „Тиквеш“ доби двоен златен медал на најголемиот и најпрестижен кинески вински натпревар кој се одржа во Хонг Конг – „China Wine & Spirits Awards Best Value 2021“, информираат од компанијата.

Покрај ова највисоко признание, со злато беа наградени и „Vranec Special Selection“ од бербата 2018-та; „Cabernet Sauvignon Special Selection“ 2019-та, како и „Domaine Lepovo Grand Cuvée“ 2016-та. Дополнително, сребрен медал беше доделен за „Vase de Pierre“ од 2018-та, додека пак со бронза се здоби „Тerrasse a l’Ombre“ од бербата 2018-та.

Двојниот златен медал, што е највисоко признание кое се доделува на овој вински натпревар, „Т’га за југ“ го освои во конкуренција со најпознатите светски вински брендови кои се селектирани и оценувани од тим од 100 вински судии, номинирани од најголемите увозници на вино, ресторани и специјализирани продавници во Кина, кои годишно увезуваат вино во вредност од над 20 милијарди долари, велат од компанијата.

Во процесот на издвојување на вината со најголема вредност се оценува нивниот квалитет, но истовремено се зема предвид и цената. Освоените награди претставуваат препорака за вината и информација за потрошувачите за тоа кое вино нуди најголема вредност во однос на цената и квалитетот, велат од компанијата.

Оценувачите на „China Wine & Spirits Awards Best Value 2021“ заедно продаваат 75 милиони шишиња вино и алкохолни пијалаци годишно, со што овој натпревар станува највлијателен за продажба на вино и алкохолни пијалоци во светот.

Ова е втор меѓународен натпревар на кој учествува ВВ „Тиквеш“ со своите вина оваа година, постигнувајќи значителен успех. Имено, на мартовскиот „Мундус Вини“ во Германија, вината на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија три златни медали и две специјални награди.

ВВ „Тиквеш“ која е најнаградуваната винарница во поширокиот регион, во 2020-та година освои 130 награди и признанија на реномирани меѓународни вински натпревари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Забавата започна со кампањата „Празнично дарување“: Мега интерес за игрите на интернет-платформата Мегавин.мк на Државна лотарија

Редакција

ОКТА со поддршка на кампањата „Помислете на нас“ на Црвениот крст на Град Скопје

Редакција

7мо историско велосипедско патување – На 1ви од Скопје до Богомила

Редакција