еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Убава вест: Докторка од Куманово излекувана од коронавирусот по 44 дена

Докторката Гордана Николиќ од Куманово, која на Фејсбук редовно информираше за нејзината здравствена состојба откако заболе од коронавирусот, вчера соопшти дека е излекувана.

“И конечно и вториот брис е негативен! 44 дена поминаа од 23 ти март, до денес. Денес е 05.05….и конечно успеав да се ослободам од вирусот Ковид 19.

Мора да биле во голем број вирусите, мора да биле лоши, затоа што ми ги нападнаа белите дробови, но за cреќа “успеав да поминам” само со пневмонија.

Среќа во несреќа, затоа што вирусот е една голема непознаница и за оние кои го истражуваат.

Сега ќе можам да излезам слободно да подишам чист воздух, затоа што не може на тераса да се пешачи, а е потребно за комплетно заздравување на белите дробови.

Се исклучувам, одам малку во реалноста. Мојата Ковид 19 приказна заврши драги мои фб пријатели.

Ех да можев да одам на патување од 44 дена, опишувајќи ви места, градови, зајдисонца, планини, реки, езера, мориња….а јас пишував за мојата долга борба со вирусот, борба со стравот од вирусот, за неговите симптоми, за мојата емоционална реакција на болеста.

Но, животот не е секогаш како во приказните. Пишував со цел, да добиете информации директно од некој кој заболел. Ниту на другите “среќници” што беа со лесни симптоми, не им беше лесно верувајте, исто го чувствуваа стравот, контактирав редовно со многу заболени.

Можеби ние здравствените работници и повеќе се плашевме, затоа што знаеме нешто повеќе за вирусот.

Благодарност до сите лекари, сестри и останати здравствени работници кои ми помогнаа во оваа борба. Благодарност до сите мои роднини, пријатели од реалностa кои ми праќаа храна и цвеќиња, на сите фб пријатели кои ме храбреа, а голем дел не ги познавам лично.

Благодарам до моето пошироко семејство и особено на потесното, на сестра ми која го понесе најголемиот товар и на син ми кој ми беше и најсилниот мотив да се изборам во оваа битка.

И како беше, здравиот човек има илјада желби, болниот само една, да оздрави. Чувајте се! …јас ќе правам список на желби“, напиша таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Над 50 од 70 заразени здравствени работници во болницата во Куманово се вратија на работа

Убава вест: 184 излекувани здравствени работници од коронавирусот во Македонија

Фото: Фејсбук/Николиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во рамки на Отворен Балкан нема да има забрана за промет на брашно, шеќер, масло и основни прехранбени производи

Редакција

Поради делта варијантата можеби ќе треба 90% од луѓето да се вакцинираат, порачуваат американски експерти

Редакција

Ново Битолско екстра кравјо кисело млеко

Редакција