еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Вкусот на традиционалната српска кујна во Limak Skopje Luxury Hotel

На 9 јуни 2023 година љубителите на кулинарските специјалитети ќе имаат можност да уживаат во прекрасниот избор на јадења од српската национална кујна. По организацијата на „Денови на турската кујна“ и „Аргентинска вечер“, Limak Skopje Luxury Hotel овој пат ги претставува традиционалните вкусови на српската кујна, информираат од таму.

За автентичноста на специјалитетите што ќе бидат претставени се задолжени главниот готвач на хотелот и неговиот тим, а секое јадење ќе биде придружено со далеку познатата српска ракија, како и српски вина.

Дел од специјално подготвеното мени се предјадењата како гибаница со сирење, кајмак, чварки, залучени пиперки, сарма од кисела зелка и Караѓорѓева шницла, додека главното јадење го сочинуваат печено прасечко и уштипци.

Десертот е Васина торта во комбинација со српски ликер од орев.

Автентичната атмосфера за време на оваа „Српска вечер“ ќе биде комплетирана со музика во живо и забавен дел.

Традиционалната српска кујна ја сочинуваат разновидни вкусови и мириси, поради влијанијата на различни народи и култури. Во неа доминира месото, како и јадењата од тесто, млечните производи и зеленчукот. Сите што ќе одлучат да бидат дел од „Српската вечер“ на Limak Skopje Luxury Hotel, ќе имаат можност да уживаат во автентичните вкусови на традиционалната српска кујна и да ги осознаат нејзините убавини.

Повеќе информации и резервации може да се добијат во хотелот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Брако“ донираше медицинска опрема на Детското одделение во велешката болница

Редакција

(Фото) Бадник во Клиника Жан Митрев како дома

Редакција

Среќник на Лото доби 7-ка, вредна над 500.000 евра

Редакција