На вчерашната седница Владата донесе заклучок 7 мај, кој беше прогласен за неработен ден заради посетата на Папата Франциск, да биде одработен на 8 јуни.
„Оваа одлука се однесува на основните и средните училишта на територијата на Град Скопје кои го немаат одработено овој ден во претходниот период, како и за детските градинки и здравствените установи на територијата на Град Скопје, кои од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство ќе добијат планови за работењето во овие дејности.
Со оваа одлука, Владата му препорачува и на приватниот сектор на територијата на Град Скопје, да ја спроведе оваа одлука овој ден да биде работен и за вработените во овој сектор доколку претходната препорака на Владата за 7 мај да биде неработен ден била спроведена од страна на приватниот сектор“, информираат од Владата.