еМагазин
Image default
Македонија

Владата го прогласи 7 мај за неработен ден на територијата на Град Скопје

Согласно последните организациски проценки поврзани со протоколот за посетата на Неговата Светост Папата Франциск, и согласно потребите и барањата на институциите и граѓаните, Владата донесе одлука утрешниот ден, 7 мај (вторник), да биде неработен ден за сите вработени во јавната и државната администрација на територијата на Град Скопје, информираат од таму.

„Со оваа одлука се опфатени основните и средните училишта, а градинките ќе бидат организирани непречено да ја извршуваат својата функција. Владата им препорачува и на приватните компании, особено од централното градско подрачје да ја прифатат одлуката овој ден да биде неработен и за вработените во овој сектор, и на тој начин да го дадат својот придонес во организацијата на програмските содржини од посетата на Папата Франциск. Дополнително ќе биде соопштено кој ден ќе биде определен за да се одработи утрешниот неработен ден“, информираат од Влада.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Таргет-Тврдина“: Мијалков го испрашуваше свиркачот Костовски за „бомбите“

Редакција

Нови рочишта за „Титаник“ и „Титаник 3“ на СЈО

Редакција

Ѓорѓија Сајкоски ќе го води изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори

Редакција