еМагазин
Image default
Македонија

Бранимир Јовановиќ: Оваа Левица е екстремно десна, национал-социјалистичка, фашистичка

Економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ, кој беше дел од стариот состав на Левица, се огласи по повод влегувањето на оваа партија во македонското Собрание, според неофицијалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК).

„Ќе беше супер ако во Собранието влезеше нова партија, подобра од постојните, наднационална, која се залага за правда, за еднаквост, за сиромашните, за работниците, за обесправените…

За жал, партијата која сега се претставува како „Левица“ нема ништо од ова. Оваа партија својата популарност ја изгради на анти-албанска реторика и на националистичкото мото „името не го даваме“.

Водена е од класичен диктатор кој ја презема партијата со фалсификат и сега им пушта кривични пријави на сите кои не мислат исто како него. Постојано користи говор на омраза и повикува на насилство, шири сексизам, мизогинија, исламофобија.

Добива донации од десетици илјади евра од соминителни фирми, покрај 220-те илјади евра од државата. И уште не влезен во Собрание, се заканува со стрелање.

Да, СДСМ разочараа, не донесоа правда и се здружија со олигарсите. Да, ВМРО се националисти кои не сакаат да расчистат со криминалното минато. Да, ДУИ се опортунисти, кои зад превезот на национализмот, гледаат само тендери.

Но оваа „Левица“ е најлоша од сите. Оваа „Левица“ е екстремно десна, национал-социјалистичка, фашистичка. Затоа мораме сите да се спротивставиме одлучно на ова зло, пред да стане предоцна,“ пишува Јовановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Левица“ влегува во Собранието: Изненадување или очекуван револт кон класното општество

Ќе „вриштат“ телефоните за постизборни математики: Левица и ДПА пресудни за нова Влада?

фото: Фејсбук/Јовановиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До Антикорупциска нема пристигнато никаква пријава за Мухамед Зеќири, вели Ивановска

Редакција

МВР приведува, но целиот систем мора да се консолидира, рече Спасовски за изјавата на Агелер која го впери прстот кон институциите за убиството на Вања

Редакција

(Фото) Во Собранието изгласани новите министри

Редакција